Настани toshe

29 септември, 2013

„Ѕвезденото небо на Тоше“ еден ден подоцна

Годинава, 5-ти октомври ќе биде одбележан со веќе традиционалната крводарителска акција во чест на нашиот великан, а „Ѕвезденото небо на Тоше“ ќе се запали еден ден подоцна, на 6-ти октомври (недела), со почеток од 19.30 часот. Сите хумани луѓе кои сакааат да бидат дел од крводарителската акција, тоа ќе можат да го направат во сабота во Домот на АРМ од 9 до 18 часот.

„Би сакале да ве известиме дека поради неможноста да се дојде до задоволувачки компромис со организаторите на Бела Ноќ за одржување на настанот “Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше” на 05.10.2013 (сабота), ние фановите решивме во духот на нашиот идол, да направиме компромис и да го одложиме настанот за следниот ден 06.10.2013 (недела) Така Тоше ќе го добие тоа што го заслужува, целовечерен настан посветен само за него.

Со почит,

Фановите на Тоше Проески

29.09.2013, Скопје“



Врати се горе ↑