Видео

24 август, 2017

Ѕвездено небо за Александра Јанева во Струмица

Настапите и концертите се секогаш посебно доживување за музичарите, но дефинитивно најдраги им се оние пред домашната публика. Популарната пејачка Александра Јанева сигурно долго ќе го памети концертот во рамките на годинешниот фестивал „Струмица опен“, кој се одржа на 10 август во нејзиниот роден град и на кој гостуваа и нејзините колеги Ристо Самарџиев, Антонија Гиговска, Панче Илиев Касапски, Иле Спасев и Филип Пешевски.

Посетителите во еден глас ги пееја хитовите на познатата струмичанка, а дел од атмосферата на концертот е доловена во видеото со изведбата на една од двете победнички теми на „Макфест“, баладата „Врати ми го сонцето“, за која публиката ѝ направи ѕвездено небо. Како изгледаше сето тоа можете да погледнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑