Концерт dzez-scenario

12 август, 2014

Ѕвездена орбита и концерт на „Џез сценарио“ вечерва во Битола

Во рамките на најдолгото културно лето во Македонија, „Бит Фест“, жителите и гостите во градот на конзулите вечерва ќе имаат можност да уживаат во две музички манифестации. Со почеток од 20.00 часот на Широк сокак ќе се одржи традиционалната Ѕвездена орбита на популарноста, а во 21.00 часот во Магаза е закажан концертот на битолскиот состав „Џез сценарио“. Вклучувајќи ги веќе познатите преработки на џез хитот „Lullaby of Birdland“ и „Samba do Avião“, концертот ќе се состои од 10 композиции кои се преработки и аранжмани на основачот и уметнички раководител на бендот, Вангел Мажевски.

Покрај Мажевски, кој свири на пијано, за прекрасната музика на „Џез сценарио“ се „виновни“ и вокалот на Денис Алитовски, басот на Дарко Бошков, тапаните на Методија Мешковски, гитарата на Методија Здравевски, трубата на Христо Саракинов, алт саксофонот на Марјан Будиноски, тенор и алт саксофонот на Мирко Митровски и тромбонот на Гоце Костурски.



Врати се горе ↑