19 мај, 2015

Ѕвездена екипа во филмскиот видео запис на Тејлор Свифт

Тејлор Свифт веќе месец дена го најавуваше видео записот за новата верзија на песната „Bad Blood“ во која гостува раперот Кендрик Ламар, а за биде уште поспектакуларно, пејачката собра вистинска ѕвездена екипа! Од Ели Гоулдинг и ангелите на „Викторијас сикрет“, преку актерките Џесика Алба и Лина Данам до легендарната манекенка Синди Крафорд, овој видео запис заслужено доби одличен термин за премиера – на доделувањето на Билбордовите музички награди!

Свифт ја игра главната улога Катастрофа, а колешката Селена Гомез е некогашната најдобра пријателка која ја предала и станала нејзин најголем непријател! Како ќе се одмазди познатата пејачка можете да погледнете горе.

 



Врати се горе ↑