Видео

5 ноември, 2018

Ѕвездата од Хари Потер во новото видео на Џејмс Артур

Џејмс Артур го претстави видеото за својот нов сингл „Empty Space“, кој го најавува неговиот трет студиски албум што ќе го наследи мошне успешното издание „Back From The Edge“ од 2016 година. Филмската екранизација, за која Артур вели дека е еден од најгордите моменти во неговата кариера, одлично ја дополнува приказната за болката што ја чувствуваме по изгубената драга личност, чие празно место не може да го пополни никој друг.

Image result for James Arthur - Empty Space (Official Video)

Главната улога во новото видео, кое го режираше Анџеј Гаврис, ја доби британскиот актер Том Фелтон, за публиката најпознат по улогата на Драко Малфој од филмскиот серијал „Хари Потер“, а како изгледа сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑