Видео

5 октомври, 2018

„Ѕвездата е родена“ – Лејди Гага и Бредли Купер го претставија дуетот „Shallow“

Освен што ја игра главната улога, Лејди Гага напиша и отпеа дури 14 нови песни за саундтракот за филмот „Ѕвездата е родена. Познатата пејачка и актерка во оваа четврта филмска адаптација на култниот мјузикл игра заедно со холивудскиот актер Бредли Купер, кој дебитира и како режисер, но и како пејач. Имено, тој заедно со Гага ја отпеа темата „Shallow“, потпишана од Марк Ронсон, Ентони Росомандо и Ендру Вајат, а веќе се претпоставува дека ќе биде во трка за престижниот Оскар за најдобра оригинална песна.

По августовската премиера на филмскиот фестивал во Венеција, „Ѕвездата е родена“ веќе од денеска ќе започне да се емитува во кино-салите низ САД, а наскоро и ширум светот. Покрај Лејди Гага и Бредли Купер, во останатите улоги ќе ги видиме и Ендру Дајс Клеј, Дејв Шапел и Сем Елиот. Од денеска во продажба е и саундтракот за овој филм, а како звучи и изгледа првиот сингл од ова издание дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑