Македонија

17 април, 2019

„Ѕвезда број 1“ од денеска на 1ТВ

Минатиот викенд започна потрагата по новата македонска „Ѕвезда број 1“, со првите аудиции во Гевгелија, Струмица, Кавадарци и во Штип, а веќе денеска, 17 април, во 17.30 часот на 1ТВ ќе можеме да ја погледнеме и првата епизода од ова талент-шоу.

View this post on Instagram

Ѕвезда бр.1 На 1ТВ!

A post shared by 1TV-MK (@1tv_mk) on

Потрагата продолжува и овој викенд, а први на ред се охриѓани, кои ќе можат да покажат што знаат и умеат в сабота, на 20 април, во кафулето „Ликвид“ со почеток од 12.00 часот. Истиот ден тоа ќе можат да го сторат и битолчани во кафулето „Конект“ со почеток од 18.00 часот, додека в недела на ред се прилепчани во кафе-барот „Оникс“, каде што аудициите започнуваат од 12.00 часот. На самиот почеток од следната недела караванот продолжува во Тетово.

Заинтересираните кандидати треба да се појават еден час пред почетокот на аудициите и да имаат подготвено две песни – една македонска и една странска.

Како поминаа досегашните аудиции погледнете во прилогот на „Ексклузив, а за најновите информации следете ја фан-страницата на Фејсбук.



Врати се горе ↑