Аудио EMPAT-650x406

12 февруари, 2016

Ѕвер (Триумф) и Боб Ем-Си – „Емпатија“

„Емпатија“ е насловот на новата рап песна која ни доаѓа од Битола и за која се заслужни Мартин и Бобан. Мартин – „Ѕвер“ е младиот и надежен артист од рап групата „Триумф“ во која членуваат и Игор Зум и Евгениј Генчо, додека Боб Ем-Си е соло артистот кој веќе подолго време се занимава со рап и е водител на „Мак рап“, радио емисија на „УКЛО ФМ“.

За продукцијата на песната е заслужен Дејан ТПЦ од „Поетика“, а како звучи нивната „Емпатија“ можете да слушнете во подолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑