Видео

5 април, 2019

Ѕирнете зад сцената на евровизиската песна „Proud“

Евровизиската песна „Proud“, со која Тамара Тодевска ќе ги браните боите на нашата земја на 64. издание на популарниот европски фестивал, својата премиера ја имаше на Меѓународниот ден на жената, а во изминативе речиси месец дена собра преку милион прегледи и бројни позитивни коментари на официјалниот евровизиски канал на Јутјуб.

Авторското дело на композиторите Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски и на текстописците Коста Петров и Сања Поповска визуелно го дополни режисерот Чедо Поповски, а сега имаме можност да ѕирнеме и зад сцената на снимањето на видеото за „Proud“.

„Снимањето на видеото за ’Proud’ беше едно од најмагичните искуства во мојот живот. Огромна благодарност за сите што беа дел од него. Блеснете и прекршете ги правилата“, напиша Тамара, а како изгледаше сето тоа погледнете во продолжение.

 

Само за потсетување, Тамара ќе настапи во втората полуфинална вечер на 18 мај, под реден број 17, а засилување на сцената ќе ѝ бидат придружните вокали Антонија Гиговска, Александра Јанева и Васил Гарванлиев. За поставувањето на сцена ќе се погрижат две шведски продуцентки со долгогодишно искуство во оваа професија, па како ќе изгледа и звучи сето тоа ќе дознаеме следниот месец.



Врати се горе ↑