8 март, 2017

Ѕирнете зад сцената на евровизиската фотосесија на Јана

За само два дена конечно ќе ја чуеме песната со која Јана Бурческа ќе нè претставува на годинешното издание на „Евровизија“, кое ќе се одржи во мај во Киев, а како мал вовед за претстојната промоција, евровизискиот блог „Вивиблогс“ успеа да ѕирне зад сцената на промотивната фотосесија.

Во кусото видео Јана пробува различни модни комбинации, откривајќи дека е во потрага по гардероба соодветна на самата песна, која сè уште никој ја нема слушнато, па нам ни преостанува само да си претпоставуваме дали станува збор за балада или нешто со побрзо темпо…

Само за потсетување, Јана ќе настапи во првата половина од втората полуфинална вечер, која ќе се одржи на 11 мај, а што ќе запее на евровизиската сцена во Киев ќе дознаеме в петок, 10 март.

 



Врати се горе ↑