Видео

2 јануари, 2019

Ѕирнете зад камерите од снимањето на божиќната „Небо и земја“

Во пресрет на годинашното одбележување на Христовото раѓање, на 6 јануари ќе се одржи голема божиќна манифестација на платото пред Св. Димитриј во Скопје, а сето тоа ќе биде збогатено и со возобновената божиќна песна „Небо и земја“, која ја снимија пејачите: Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Димитар Андоновски, Стефан Филиповски, Викторија Лоба и Вера Милошевска – Јосифовска од „Љубојна“ и дечињата од „Златно славејче“.

Од снимањето на спотот за „Небо и земја“ – декември 2018

⭐ Во очекување на видео спотот за возобновената Божикна песна "Небо и земја", кој што ќе биде промовиран во првите денови од Новата 2019 и ќе претставува најубава Божикна честитка од нас до Вас, Ве покануваме да погледнете ексклузивна снимка од снимањето на спотот и изјави на дел од учесниците.🌠Elena Risteska Lozano – Vlatko Lozanoski Victoria Loba Luboyna Љубојна Dimitar Andonovski Official Next Time 🌠⭐Ќе забележите дека сите со најголема еуфорија го најавуваат претстојниот голем Божикен настан на 06.01.2019 на платото пред Св.Димитриј каде што од 11 часот, над 5000 деца во придружба на своите родители и роднини, ќе дојдат на Божикен концерт и Божикна претстава.Еве што поконкретно можеме да Ви ветиме:💕За сите деца и нивните семејства!💕ГОЛЕМА БОЖИКНА МАНИФЕСТАЦИЈА6-ти Јануари 2019 (недела) 11:00 на платото пред Св.Димитриј во СкопјеПРАЗНУВАМЕ, СЕ РАДУВАМЕ! со Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Некст Тајм, Димитар Андоновски, Љубојна, Златно Славејче, Дејан Лилиќ, Снежана Коневски – Руси и Тинтири минтири шоу.Божикни песниБожикна претставаБожикни пакетчињаБадникови колачињаБадникови чајчињаСЕ' ЌЕ БИДЕ БЕСПЛАТНО ЗА СИТЕ! 💕💕💕💕💕💕💕💕💕💕💕💕💕

Gepostet von Бадникови Поворки am Montag, 31. Dezember 2018

 

Музичарите неодамна снимија и видео, во кое преку три приказни споени во едно, ќе се прикаже историјата на оваа православна традиција.

„Овој пат, во преден план се изјавите на дел од актерите – учесници: Митко Апостоловски и Анастас Тановски, како и првиот човек на ансамблот ’Македонија’, м-р Владимир Јаневски, којшто ја раскажува приказната што ја носи спотот и потенцира дека овој спот достојно ќе го претставува она што се нарекува некогашна православна традиција, она што претставува духовна и материјална култура, со еден збор – генетскиот код на еден православен народ.“

Од снимањето на спотот за „Небо и земја" – сцени со глумците и ансамбл „Македонија"

🎬 Во очекување на официјалната промоција на, во моментов најочекуваниот видео спот во Македонија, за Божикната песна „Небо и земја“, која што ќе го најави и најголемиот Божикен настан во земјава закажан за 6-ти Јануари од 11 часот на платото пред Св.Димитриј во Скопје, само за Вас, уште неколку ексклузивни снимки од снимањето на спотот.🌠👏⬇️✔ Овој пат, во преден план се изјавите на дел од глумците – учесници: Митко Апостоловски и Анастас Тановски, како и првиот човек на ансамблот Македонија м-р Владимир Јаневски кој што ја раскажува приказната што ја носи спотот и потенцира дека овој спот достојно ќе го претставува она што се нарекува некогашна православна традиција, она што претставува духовна и материјална култура, со еден збор – генетскиот код на еден православен народ. 🙏❤Официјалната промоција на спотот е закажана за 4-ти јануари (петок) 😍@Ansambl MAKEDONIJA Mitko S. Apostolovski

Gepostet von Бадникови Поворки am Mittwoch, 2. Januar 2019


Официјалната промоција на „Небо и земја“ е закажана за 4 јануари (петок).



Врати се горе ↑