Балкан 3d0b3b012c288c179ea84d5c544635b0

19 март, 2015

Ѕирнете во чекалната на „Х фактор“

Уште само неколку дена нè делат од почетокот на втората сезона на регионалниот „Х фактор“, кога ќе видиме првите аудиции на кандидатите кои доаѓаат од дури 5 земји. Како загревање за претстојната прва епизода од сезоната, закажана за в недела (22 март) со почеток од 21.30 часот на телевизија „Сител“, од продукцијата „Конект лајв медија“, која ќе ги реалзира оваа и следните две сезони на натпреварот, одлучија да ни дозволат да ѕирнеме во чекалната каде што натпреварувачите чекаат на својот настап. Еве и неколку факти за оваа просторија во која се дружат потенцијалните балкански ѕвезди:

1. Чекалната е просторија со најголем број гитари и одлични пејачи на квадратен метар;

2. Место во кое секој од натпреварувачите веќе доби една награда – пријателство;

3. Идеално за „селфи“ фотографии:

4. За некои кандидати и место за прв состанок;

5. Место каде што натпреварувачите се бодрат и навиваат едни за други;

6. Каде што за време на секој настап се навива како на фудбалски натпревар;

7. Каде што ќе ти пристигнат барем 40 покани за пријателство на Фејсбук;

8. Место со идеално светло за поправање на шминката;

9. Место каде што некој го даде своето прво интервју и

10. Место каде што веќе бил идниот победник на „Х фактор“.

Снеже Велков

Галеријата Ве очекува на официјална веб страна на „Х фактор, а уште едно загревање за неделната епизода нека биде и најновата песна на единствената дама во жирито, Александра Ковач, која темата насловена „У шаци ме имаш“ ја објави пред месец дена. Познатата музичарка со оваа песна нè навраќа на романтичкиот звук на музиката од шеесеттите години, а текстот на провокативен начин ја опишува љубовта во која не постојат граници. Продукцијата ја потпишува нејзиниот долгогодишен соработник Роман Горшек, а аранжманот на песната изобилува со прекрасни гудачки и дувачки аранжмани, кои ги потпишува магистерката на науки од областа на компонирање музика за филм при Универзитетот во Единбург – Александра Ковач. Илустрацијата и дизајнот се на Маша Млакар. Уживајте!

 



Врати се горе ↑