Балкан

25 октомври, 2018

Ѕидарот Бејхан од Битола докажа дека „Никогаш не е доцна“

„Сакам да пеам за душа, а не за пари“, рече 45-годишниот ѕидар Бејхан Рамов од Битола, кој се натпреварува во новата сезона на емисијата „Никогаш не е доцна“. Тој ги воодушеви и жирито и публиката со „Данима те чекам“ од, како што вели, „кралот Шабан“.

 

Иако гласовите на публиката не беа доволни за да продолжи во следниот круг, водителот на емисијата одлучи да се вмеша во оваа одлука и сите натпреварувачи да продолжат понатаму. Настапот на Бејхан можете да го видите во 47. минута. Уживајте!



Врати се горе ↑