Настани ШИРОК СОКАК 3

20 август, 2015

Џуниор Џек на „Широк сокак во бело“!

Традиционално по петти пат и оваа година ќе се одржи настанот „Широк сокак во бело“ – Бела ноќ во Битола, а за журката да биде на највисоко ниво ќе се погрижи светски познатиот диџеи и продуцент Џуниор Џек (Junior Jack). Пред него атмосферата ќе ја загреваат диџеј Боца и легендарниот диџеј Ацика. Оваа година бината ќе биде сместена во долниот дел од Широк сокак (пред некогашниот хотел „Македонија“).

 

Меѓу досегашните учесници на овој настан се и Кирил Џајковски, Дејвид Моралес, Ернан Катанео, Том Нови, како и голем дел м,акедонски диџеи и продуценти.   Овој настан како и секоја година се одржува на 27 август и е во рамките на „Бит фест“, а оваа година и официјалното затварање на фестивалот токму со овој настан, кој е во покровителство на Градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.

Иако овој настан е од отворен карактер и секој може да го посети, за оние најупорните кои сакаат да уживаат во својот простор можат да си направат резервација во кој било кафе бар на Широк сокак.



Врати се горе ↑