Аудио лфтв

8 март, 2017

„Џун“ живеат за викендот

Како најава за претстојната концертна промоција на нивниот нов албум, скопската група „Џун“ (June) ја претстави насловната тема од своето трето по ред, студиско издание „Living for the Weekend“.

’Living For The Weekend’ е ехо на едно време и живот во кој бендот живееше за ’викендот’, но не само во буквалната смисла на зборот туку пред сè како метафора за копнежот по убавите, ретки и бесценети моменти од животот“, вака членовите на „Џун“ го опишуваат својот нов материјал, а како звучи воведот во ова ново поглавје од нивната кариера можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑