Македонија 10530671_882030031826238_8094722128182067773_n

29 декември, 2014

„Џун“ со своја веб страна

Македонската инди-поп група „Џун“ (JUNE) доби и своја веб страна, на која се сместени основните информации за бендот, галерија со фотографии, дискографија, како и сите новости за бендот. По првенчето Someday soon“ (достапен за бесплатно преземање), кое излезе во јуни 2012 година, минатиот понеделник групата концертно го промовираше и својот втор албум „Indian Summer“, кој можете да го преслушате токму на june.mk.

Насловна фотографија: Јане Наумоски; Дизајн на обвивка: Кристијан Ристески – Кинџо



Врати се горе ↑