Настани judas-priest-belgrade-calling

9 март, 2015

„Џудас прист“ главни ѕвезди на „Белград колинг 2015“

Познати се сите детали околу годинешниот фестивал „Белград колинг“ (Belgrade Calling Festival), јавуваат од „Авалон продукција“. На барање на фановите, фестивалот годинава го враќа хеви металот, а како главни звезди доаѓаат „Џудас прист“ (Judas Priest) – еден од најголемите, најпопуларните и најзначајните хеви метал бендови на сите времиња. Ова ќе биде прв голем настап на отворено за „Џудас прист“ во Белград, каде Халфорд и компанија ќе го промовираат својот нов албум „Redeemer of Souls“ и ќе отсвират најголем дел од своите култни нумери.

 

Тоа што годинешниот „Белград колинг“ го прави најголемиот рок спектакл на просторите на целиот Балкан е фактот дека заедно со „Џудас прист“ како специјален гостин ќе настапи уште еден голем хеви-метал бенд „Хелоуин“ (Helloween), кој за прв пат доаѓа во Белград. Честа да го отвори овогодинешниот фестивал ја доби македонскиот бенд „Стил темпл“ (Steel Temple). Влезниците за овој рок спектакл во продажба ќе бидат од 11.03.2015 (среда) преку глобалната мрежа на eventim.rs за просторите на целиот Балкан, како и преку продажната мрежа на Купи карти за сè“ за Македонија.



Врати се горе ↑