Видео dzhf-mdzh

11 јануари, 2017

Џозеф Фајнс го оживеа Мајкл Џексон

Обожавателите на Мајкл Џексон со негодување ја прифатија веста дека нивниот идол ќе го игра бел актер, иако кралот на поп музиката добар дел од својот живот имаше речиси провидно бела кожа заради болеста витилиго. Британскиот актер Џозеф Фајнс, кому му беше доделена оваа улога во серијата „Урбани митови“, изјави дека сосема ги разбира незадоволните обожаватели, но нагласи дека сепак не станува збор за биографски филм, туку за уметничко дело што ја има целата уметничка слобода.

„Урбани митови“ следи наводно вистинити случки на бројни познати личности, а покрај Фајнс како Мајкл Џексон, во другите улоги се појавуваат Стокард Ченинг како Елизабет Тејлор, Брајан Кокс како Марлон Брандо, Еди Марсан како Боб Дилан, Бен Чаплин како Кери Грант, Ејдан Гилен како д-р Лири, Дејвид Трелфол како Семјуел Бекет, Иван Реон како Адолф Хитлер и Руперт Гринт како пријателот на Хитлер.

mdzh

Добро е познато дека легендарниот музичар бил близок пријател со холивудските икони Тејлор и Брандо, а приказната обработена во серијата е неочекуван пресврт поврзан со терористичкиот напад на кулите близначки во Њујорк, на 11 септември 2001 година. Имено, заради откажаните летови ширум земјата, Џексон бил приморан да најде алтернативен превоз, па решил да изнајми автомобил за да стигне до саканата дестинација, а друштво му правеле познатите актери.

Во другите епизоди, Мухамед Али разубедува непознат човек што сака да се самоубие, Семјуел Бекет го вози идниот борач Андре Џинот на училиште кога бил дете, а Боб Дилан ѕвони на погрешна врата, но сепак останува на чај кај домаќините. „Урбани митови“ ќе започне да се емитува на 19 јануари на каналот „Скај артс“.

 

 



Врати се горе ↑