Аудио јс

5 септември, 2017

Џос Стоун со хуманитарен сингл за „Океаните“

Океаните се под сè поголема закана од претеран риболов, загадување, како и од климатските промени, а британската соул ѕвезда Џон Стоун се обиде да придонесе за подигање на свеста за овој проблем со хуманитарниот сингл „We are the Oceans“ (Ние сме океаните), во соработка со истоимениот глобален колектив.

 

 

„Песната е за правење промени и ако доволно луѓе си ги променат своите навики, тоа ЌЕ НАПРАВИ РАЗЛИКА“, изјави пејачката, која е во мисија и самата да направи разлика, односно да настапи во секоја од 193-те земји членки на Обединетите нации, од кои досега посетила 100, а соработувала и со локални музичари и хуманитарни организации во секоја од нив.

Таа минатата година гостуваше токму кај нас, а со нашата Каролина во дует ја отпеаја нејзината „Кој да ми запее“.

14657247_1250458218328644_4887290223156910226_n

 

Основана во февруари 2017 година од страна на Дејзи Кендрик и со поддршка на Канцеларијата за проектни услуги на Обединетите нации (UNOPS), „Ние сме океаните“ има за цел да ја обезбеди иднината на нашата планета со сочувување на океаните. Се фокусира на образование на младите генерации преку музика и мобилни игри за поддршка на иновативни решенија за најголемите предизвици на океаните. Повеќе на watoceans.org



Врати се горе ↑