Свет s-gm

14 април, 2015

Џорџо Мородер и Сиа најавуваат нова песна

По соработката со австралиската „џебна Венера“ за темата „Right Here, Right Now“, легендарниот италијански продуцент в петок, 17 април, ќе ја претстави соработката со уште една голема ѕвезда од земјата на кенгурите. Имено, како следен сингл од претстојното издание „74 Is The New 24“ ќе биде исфрлена темата „Deja Vu“, во која гостува хит-мејкерката Сиа.

Познатиот музичар, кој на 26 април ќе наполни 75 години, минатата година реши да се врати на музичката сцена по пауза од речиси 30 години, а како најголема инспирација ја наведе соработката со француското дуо „Дафт панк“, чиј албум „Random Access Memories“ беше најавен со огромниот хит „Get Lucky“. На изданието „74 Is The New 24“, од кое веќе имавте можност да ја слушнете и насловната тема, ќе се најдат и соработки со Бритни Спирс, Чарли Екс-си-екс, Мики Еко и други.

Сиа, пак, која во изминативе неколку години се потпиша и на голем број хитови за изведувачи како што се Бијонсе, Ријана, Селин Дион и други, во моментов е актуелна со хитовите Elastic Heart“ и „Big Girls Cry“, во чиј видео запис по трет пат главната улога ја има феноменалната Меди Зиглер. Песната се најде на нејзиниот шести студиски албум „1000 Forms of Fear“, објавен во јули минатата година.

 



Врати се горе ↑