Свет george michael

30 декември, 2012

Џорџ Мајкл ветува „одлична нова музика“ во 2013

Како што пренесува британски MTV, Џорџ Мајкл преку сервисот Твитер испратил неколку поздравни пораки до фановите по повод празниците, во кои се извинува што задоцнил со честитањето, но дал и некои нови ветувања. Како што вели Мајкл, оваа година за него била едно „ужасно искуство“, бидејќи и понатаму е во процес на рехабилитација по сериозниот случај на пневмонија кој го доживеа при крајот на 2011 година, поради кој морал да откаже дел од неговата светска турнеја. Но, „вашиот омилен распеан грк“, како што се нарекува себеси во пораките, вели дека неговите фанови не треба да се грижат бидејќи тој „се чувствува многу подобро од порано“, а на крајот 49-годишниот пејач вели дека „лично ветува дека 2013 година ќе биде исполнета со одлична нова музика“. 

 



Врати се горе ↑