Аудио GM-S

3 февруари, 2014

Џорџ Мајкл се враќа со „Let Her Down Easy“

Познатиот британски музичар Џорџ Мајкл денеска го претстави својот нов сингл со кој го најавува неговиот шести студиски албум „Symphonica“, издание на кое ќе се најдат оркестарски преработки на хитови од различни изведувачи и кое ќе биде објавено на 17-ти март. „Syphonica“, кој ќе го наследи „Patience“ од 2004 година, е плод од истоимената турнеја која музичарот ја одржа во 2011 и 2012 година. За прв сингл од ова издание е избрана темата „Let Her Down Easy“, оригинално отпеана од Теренс Трент Д’Арби во 1993 година. Новиот видео запис можете да го погледнете во продолжение, а веднаш потоа потсетете се како изгледаше оригиналната верзија на Д’Арби.

 

 



Врати се горе ↑