Свет johnny-depp-600

4 декември, 2012

Џони Деп свиреше со Алис Купер

Одамна е познато дека покрај актерството, голема љубов на Џони Деп е и музиката. Тој неодамна му се придружи на сцената на музичарот Алис Купер и неговиот бенд, каде што на нивниот концерт во Лос Анџелес, кој се одржа на 29-ти минатиот месец, заедно ги отсвирија преработките „Break On Through (To the Other Side)“, „Revolution“, „Foxy Lady“ и „My Generation“, како и хитовите „I’m Eighteen“, „Under My Wheels“ и „Poison“.

„Џони дојде во Холивуд да свири гитара. Тој воопшто не дојде за да биде актер и секогаш му велам дека ако посака да дојде на турнеја, да ми се јави и да дојди со нас“ – изјавил Алис Купер.

Во продолжение погледнете како изгледаше нивниот заеднички настап.

 



Врати се горе ↑