Свет malik_depp_instagram

17 август, 2013

Џони Деп, Ед Ширан и Зејн Малик заедно во студио

Познатиот холивудски актер Џони Деп деновиве посети едно музичко студио во друштво со сè попопуларниот британски музичар Ед Ширан и Зејн Малик од Уан Дајрекшн. Самиот факт што познатиот актер и ѕвезда на актуелниот филмски хит „Осамениот ренџер“ се најде во студио со Ширан, наведува на претпоставката дека станува збор за нова музичка соработка, а информацијата дополнително за загреа и присуството на членот од познатата сензација Уан Дајрекшн, како и Александер ДеЛеон, член на американскиот бенд Д Кеб (The Cab). Токму тој на својот Инстаграм профил ја објави својата фотографија со Деп и Малик, под која напиша: „Пиратска лекција од едниот и единствениот! Благодарам на гостопримството г-не Деп.“

Ед Ширан неодамна изјавил дека на почетокот на кариерата имал големи проблеми бидејќи скоро сите издавачи со ред му објаснувале дека нема да успее поради својот имиџ: „Секоја куќа која ја контактирав ми велеше дека оваа песна нема да успее, дека оваа другата не е хит и слично, а фактот дека сум малку полничок и црвенокос за нив не беше добар ’маркетиншки алат’.“

Исто така, откриено е дека Хери Стајлс од Уан Дајрекшн работи на песни за новиот албум на бендот со помош на фронтменот на групата Сноу Патрол, Гери Лајтбоди, додека Џони Деп за својата актерска кариера изјавил дека „пензијата не е далеку“.

Извор: NME.com



Врати се горе ↑