Видео xxx_travolta-newton-john-christmas-mus-jy-0181_52525397-4_3_r560

6 декември, 2012

Џон Траволта и Оливија Њутн Џон снимија божиќен албум и нов спот

Легендарниот филмски пар Џон Траволта и Оливија Њутн Џон, за прв пат после триесетина години откако е снимен филмот „Брилијантин“, повторно запеаја заедно и снимија божиќен албум во знак на сеќавање на синот на Траволта, Џет кој почина во 2009 година.

„Оливија и јас долго време сакавме повторно да соработуваме, но беше потребно тоа да биде добар проект, нешто квалитетно, бидејќи во спротивно ќе се добиеше впечаток дека нешто се форсира.“ – изјавил Траволта во интервјуто за австралискиот портал Ферфекс. Американскиот актер и неговата колешка од Австралија заедно ги одиграа улогите на Дени и Сенди во „Брилијантин“ во 1978 година, заснован на истоимениот комичен мјузикл кој зборува за средношколците во педесеттите години.

Актерскиот пар во тој филм ја отпеа легендарната „You’re the One That I Want“, која е голем хит и до ден денес, а е продадена во десетина милиони примероци. „Сакам да пеам и немам често можност тоа да го правам“ – рекол Џон, кој за овој божиќен албум ги ангажирал и Барбра Стрејсенд и Тони Бенет. На албумот снимен за Фондацијата „Џет Траволта“ и фондацијата за борба против ракот Оливија Њутн Џон во Мелбурн, ќе биде и една песна од Џон Фарар, автор на нумерата „You’re the One That I Want“. „За нас тоа е одличен начин да го правиме тоа што ни е драго и да им дадеме нешто на фановите во кое би сакале да нè видат заедно“ – рекла Оливија.

Џет Траволта почина на 2-ри јануари 2009 година од напад на епилепсија, додека со семејтвото бил на одмор на Бахамите. Траволта  неговата сопруга, актерката Кели Престон имаат уште две деца, ќеркичката Ела која се роди во 2000 година и двегодишниот син Бенџамин.

Во продолжение погледнете го и првиот видео запис за нумерата „I Think You Might Like It“ кој е своевидно продолжение на големиот хит од „Брилијантин“, а беше промовиран вчера.

Извор: Beta/nydailynews

 

 

 



Врати се горе ↑