Настани john-newman-exit

23 март, 2015

Џон Њуман и „Милки ченс“ на „Егзит“ ќе ги донесат најслушаните планетарни хитови!

Новата англиска соул ѕвезда и еден од најбараните пејачи на денешницата, Џон Њуман (John Newman) ќе настапи во сабота 11 јули на главната бина на фестивалот „Егзит“! 24-годишниот пејач во Нови Сад ќе го претстави албумот „Tribute“ од првото место на британската топ листа, на која подеднакво се пласирани сингловите „Love Me Again“, „Losing Sleep“, „Out Of My Head“ и „Cheating“. Со групата „Рудиментал“ (Rudimental), тој ги освои светските топ листи со хитовите „Not Giving In“ и „Feel The Love“, а сѐ уште е актуелен синглот „Blame“ со кој Џон Њуман и Келвин Харис (Calvin Harris) ги одбележаа минатата есен и зима! Спотовите за овие хитови денес во збир имаат близу милијарда прегледувања на сајтот „Јутјуб“, додека само Њуман во претходните две години оствари тираж од импресивни четири милиони! Ноќта подоцна, на 12 јули на истото место ќе настапи и германската атракција, инди-поп дуото „Милки ченс“ (Milky Chance) кое фановите ги освои со песната „Stolen Dance“ од насекаде пофалениот албум „Sadnecessary“!

 

Џон Њуман (John Newman) е актерот во една од најживите приказни на современата музика, борејќи се против сите предизвици, од тешката немаштија во малата јоркширска парохија, до статусот на пејач кој сѐ што ќе направи го претвора во чист триумф! Њуман од мал учел сѐ да работи сам, за потоа и колеџот да го плаќа од собирање стакла и служење во кафулиња, но и сѐ почестите настапи како тинејџер со глас на соул ветеран! Љубовта кон музиката му ја всадила неговата самохрана мајка, која го обожавала звукот на етикетите „Мотаун“ (Motown) и „Атлантик“ (Atlantic), како и неизбежните „Нортерн соул“ (Northern Soul) журки од кои доаѓала со раритетни плочи, првите во диџеј сетовите на Џон по локалните свадби. Растењето во северниот град носело и чести тепачки, па и пресметки со полицијата кои денес се одразуваат и во неговата изразена самоувереност и горлив темперамент. Белег во растењето на ова момче остава и загубата на двајцата најдобри пријатели во сообраќајна несреќа, а сегашниот глас Њуман го оформи проаѓајќи преку таа болка.

По студиите на музичкиот колеџ во Лидс, Њуман доаѓа во Лондон и ги запознава момците од новооформениот состав „Рудиментал“ кој со неговиот глас и „Feel The Love“ стекнува планетарна слава! Наскоро по втората заедничка „Not Giving In“, следува првиот самостоен сингл на Њуман „Love Me Again“ и првото место на британската, но и многу светски листи, вклучувајќи го и пробивот на американскиот пазар! Албумот „Tribute“ истотака стигнува до врвот на британската листа, симболично пред големиот Пол Макартни. Додека во светот сѐ уште одекнува последниот хит сингл „Blame“, Њуман го снима новиот албум во Лос Анџелес, чии први песни се очекуваат оваа пролет. „Во светот денес има премногу славни лица, а премалку уметници“, ќе каже пејачот, кој во 21. век на инстант слава, сам ги пишува и прави ремикси за своите песни, а поседува редок талент со уникатното пеење и туѓите песни да ги направи свои. Таков талент имаше и еден друг Јоркширец со распукан глас и незадржлива севернa емоција, покојниот Џо Кокер.

„Милки Ченс“ (Milky Chance) е дуо које комбинира акустични елементи од реге и инди-рок музиката со современи електронски ритмови, а го сочинуваат пејачот и гитарист Клеменс Ребаjн (Clemens Rehbein) и диџејот Филип Дауш (Philipp Dausch). Нивниот хит „Stolen Dance“ бележи стотина милиони прегледувања на сајтот „Јутјуб“ и официјално е меѓу 10. најбарани песни за 2014. година на популарниот дигитален сервис „Шазам“ (Shazam)! Европа ја освоија преку ноќ во средината на 2013, за веќе следната година да предизвикаат вистинска сензација преку Атлантикот и да прераснат во миленици на американската независна сцена. За еден алтернативен состав, успеаја да настапат во шоуто на Џими Кимел, покрај распродадените концерти од Њујорк до Лос Анџелес. Веќе втора година настапуваат на сите поважни европски фестивали, а оваа година ги очекува и нова американска турнеја со настап на фестивалите „Коaчела“ (Coachella) и актуелниот „Саут бај саутвест“ (SXSW)!

Легендарниот диџеј и продуцент, англискиот глумец и визуелен уметник, Голди (Goldie), ќе настапи на 10 јули на главната бина на „Егзит“ во рамкиte на популарната „Икс-Бејс“ (X-Bass) програма, која и оваа година се реализира во соработка со глобалната музичка платформа „Ју-кеј-еф“ (UKF). Живата икона на драм енд бејс движењето и основачот на пионерската дискографска куќа „Металхедз“ (Metalheadz), во Нови Сад се враќа да го прослави 15. роденден на „Егзит“ и 20 години од објавувањето на највлијателниот драм енд бејс албум, првенецот на Голди „Timeless“! Истата ноќ, на главната бинда ќе им се придружи и сѐ попопуларниот париски тандем „Дртифоникс“ (Dirtyphonics), а на 9. јули на истото место журката ќе биде во рацете на лондонскиот диџеј и продуцент „Брејкејџ“ (Breakage) кој го придружува ем-си „Ел-екс уан“ (MC LX oNe). Сите фанови на хип-хоп и јаките бас линии на 11. јули ќе имаат вистински празник бидејќи на „Егзит“ доаѓа њујоршкиот битмејкер Џаст Блејз (Just Blaze), продуцентот чија музика на своите албуми ја користат Џеј Зи (Jay Z), Еминем (Eminem), Кање Вест (Kanye West), Снуп Дог (Snopp Dogg) и Рик Рос (Rick Ross)! Завршната вечер, во недела на 12 јули, боите на „Икс-бејс“ ќе ги брани триото „Критикал Саундсистем“ (Critical Soundsystem) кое го сочинуваат докажаните драм енд бејс мајстори, сопственикот на славната „Критикал“ етикета Касра (Kasra), популарниот руски продуцент Енеи (Enei) и новата австриска ѕвезда Мефјус (Mefjus).

Влезниците за фестивалот „Егзит“ се достапни по цена од 3.599 денари, а за „Си Денс“ 2.240 денари. Единствената влезница за фестивалското летување од 7-20 јули во рамките на „Егзит“ Авантурата од Петроварадин до Јаз, може да се набави за само 4.299 денари преку продажната мрежа на МКтикетс или во Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат). За сите кои сакаат покрај влезниците на време да го резервираат и сместувањето на двата фестивала, пакетите можат да ги најдат на сајтот www.exittrip.org, официјалната туристичка агенција на „Егзит“.

Ги потсетуваме сопствениците на влезници за „Егзит“ фестивал, купени пред 15 јануари, кои добиваат и подарок влезница за „Си Денс“,  да ја извршат кратката активација на овие влезници на exitavantura.gigstix.com, најдоцна до 31 март,  со цел влезниците за фестивалот на Јаз да им бидат важечки.



Врати се горе ↑