Аудио

20 ноември, 2016

Џон Мејер се враќа со „Love оn the Weekend“

Популарниот американски музичар и гитарист Џон Мејер се враќа со нов сингл, најавувајќи ја „најдобрата музика што ја направил досега“. Имено, како вовед во новиот проект што ќе стигне следната година, Мејер го објави синглот „Love on the Weekend“, кој е навистина одличен избор за опуштање во текот на викендот.

Песната ќе се најде на неговиот претстоен албум насловен „The Search for Everything“, кој ќе го наследи „Paradise Valley“ од 2013 година. „Има повеќе песни што можат да се сместат на стандарден албум, но мислам дека следната година ќе слушнете многу повеќе музика од мене“, изјави музичарот, а како звучи „Love on the Weekend“ можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

Фотографија: Фејсбук

 



Врати се горе ↑