Аудио jm

26 февруари, 2017

Џон Мејер напишал песна за раскинувањето со Кејти Пери

За послабо упатените, Џон Мејер и Кејти Пери имаа бурна врска, на која и ставија крај во 2014 година, за уште еднаш накратко да се смират во следната 2015. Се чини дека тоа раскинување било мошне тешко за Мејер, па сета таа болка музичарот ја преточил во песни што ќе се најдат на претстојниот албум The Search of Everything.

 

 

„Всушност, првпат во својот живот верувам дека го снимив точно тоа што го чувствувам“, изјавил Џон за списанието „Ролинг стоун“, додавајќи дека тоа било единствениот пат кога „тагата му се чинела како реален сон“. „Ми се чинеше како да нема потреба да се извлекувам од ова, едноставно нема да делува“, додал тој.

Сега обожавателите ќе се прашуваат кои песни се инспирирани од раскинувањето со Кејти. Една или повеќе? Можеби целиот албум? Џон веќе има објавени неколку од нив, а особено се издвојува „Still Feel Like Your Man“, во која тој пее: „Сè уште го чувам твојот шампон, во случај да сакаш да си ја измиеш косата…“

 



Врати се горе ↑