Свет katy-perry-john-mayer

9 јули, 2013

Џон Мејер ѝ посветил песна на Кејти Пери

Музичарот Џон Мејер во текот на настапот во Милвоки, песната „A Face to Call Home“ ѝ ја посветил на неговата девојка, пејачката Кејти Пери. На публиката ѝ рекол дека Кејти е подобра отколку што мислел и дека била покрај него по операцијата на грлото, а му помагала и во комуникацијата бидејќи морал да го одмара грлото и гласните жици, пренесуваат американските медиуми.

„Беше многу трпелива и мило ми е што се запознавме“ – рекол Мејер, додавајќи: „За Кејти поради која едвај чекам да си дојдам дома“.

 



Врати се горе ↑