Свет oscrs2015

15 јануари, 2015

Џон Леџенд, Рита Ора и Адам Левин во трка за Оскарите

По неодамнешното доделување на „Златните глобуси“, кои најчесто претставуваат вовед за најважната ноќ во филмската индустрија, денеска беа објавени номинациите за претстојното 87. доделување на Оскарите. Според бројот на номинации предводат филмовите „Гранд хотел Будимпешта“ (The Grand Budapest Hotel) и „Брдмен“ (Birdman) (или „Неочекуваната доблест на незнаењето“), кои ќе се натпреваруваат во 9 категории, 8 номинации доби историската драма за „таткото на компјутерите“, Алан Туринг„Игра на имитација“ (The Imitation Game), по шест номинации добија филмовите „Момчештво“ (Boyhood) и „Американски снајпер“ (American Sniper), а во 5 категории ќе се борат филмовите „Интерстелар“ (Interstellar), „Фокскечер“ (Foxcatcher) и „Ритамот на лудилото“ (Whiplash).

Што се однесува на категоријата „Најдобра оригинална песна“, иако во поширокиот избор влегоа популарните песни на Лорд, Сиа, Лана Дел Реј и други, ниту една од нив не се најде меѓу петте номинирани за оваа награда. Наместо нив, за златната статуетка ќе се натпреваруваат темите „Everything Is Awеsome“ од Шон Патерсон за „Лего филмот“ (ја изведуваат Тиган и Сара со „Лоунли ајленд“), „Grateful“ од Дајен Ворен за филмот „Зад светлата“ (Beyond The Lights) (ја изведува Рита Ора), „I’m Not Gonna Miss You“ од Глен Кемпбел и Џулијан Рејмонд за филмот „Глен Кемпбел: Ќе бидам јас“ (Glenn Campbell: I’ll Be Me), „Lost Stars“ од Грег Александер и Даниел Бризбоа за филмот „Нов рефрен“ (Begin Again), како и „Glory“ од Џон Леџенд и Комон за филмот „Селма“, која штотуку беше наградена и со „Златен глобус“.

87. доделување на академските филмски награди Оскар ќе се одржи на 22 февруари во театарот „Долби“ во Лос Анџелес, а водител на манифестацијата ќе биде актерот Нил Патрик Харис. Дел од поинтересните категории Ве очекуваат во продолжение, а комплетната листа на номинирани можете да ја прегледате на официјалната веб страна на Оскарите. (И.Ј.)

Најдобар филм:

„Американски снајпер“ (American Sniper)
„Брдмен“ (Birdman)
„Момчештво“ (Boyhood)
„Гранд хотел Будимпешта“ (The Grand Budapest Hotel)
„Игра на имитација“ (The Imitation Game)
„Селма“ (Selma)
„Теоријата за сè“ (The Theory of Everything)
„Ритамот на лудилото“ (Whiplash)

 

Најдобар актер

Стив Карел, „Фокскечер“ (Foxcatcher)
Бредли Купер, „Американски снајпер“ (American Sniper)
Бенедикт Камбербеч, „Игра на имитација“ (The Imitation Game)
Мајкл Китон, „Брдмен“  (Birdman)
Еди Редмејн, „Теоријата за сè“ (The Theory of Everything)

 

Најдобра актерка

Марион Котијар, „Два дена, една ноќ“ (Two Days One Night)
Фелисити Џонс, „Теоријата за сè“ (The Theory of Everything)
Џулиен Мур, „Сè уште Алис“ (Still Alice)
Розамунд Пајк, „Исчезната“ (Gone Girl)
Риз Витерспун, „Дива“ (Wild)

 

Најдобра машка споредна улога

Роберт Дувал, „Судијата“ (The Judge)
Итан Хок, „Момчештво“ (Boyhood)
Едвард Нортон, „Брдмен“ (Birdman)
Марк Рафало, „Фокскечер“ (Foxcatcher)
Џеј Кеј Симонс, „Ритамот на лудилото“ (Whiplash)

 

Најдобра женска поредна улога

Патриша Аркет, „Момчештво“
Лора Дерн, „Дива”
Ема Стоун, „Брдмен“
Кира Најтли, „Игра на имитација“
Мерил Стрип, „Во шумата“ (Into the Woods)

 

Најдобра режија

Алехандро Гонзалес Ињариту, „Брдмен“
Ричард Линклејтер, „Момчештво“
Бенет Милер, „Фокскечер”
Вес Андерсон, „Гранд хотел Будимпешта“
Мортен Тајлдум, „Игра на имитација“

 

Најдобар анимиран филм

„Големиот херој 6“ (Big Hero 6)
„Тролови во кутии“ (The Boxtrolls)
„Како да го тренираш твојот змеј 2“ (How to Train Your Dragon 2)
„Песна на морето“ (Song of the Sea)
„Бајка за принцезата Кагуја“ (The Tale of the Princess Kaguya)

 

Најдобра кинематографија

Еманиел Лубецки, „Брдмен“
Роберт Д. Јеоман, „Гранд хотел Будимпешта“
Лукас Зал и Ричард Линзевски, „Ида“
Дик Поуп, „Господин Тарнер“ (Mr. Turner)
Роџер Дикинс, „Нескршено“ (Unbroken)

 

Најдобра оригинална музика

Александар Десплат, „Гранд хотел Будимпешта“
Александар Десплат, „Игра на имитација“
Ханс Цимер, „Интерстелар“
Гери Јершон, „Господин Тарнер“
Јохан Јохансон, „Теоријата за сè“ 

 

Најдобро адаптирано сценарио

Греам Мур, „Игра на имитација“
Демиен Чазел, „Ритамот на лудилото“
Ентони Мекартен, „Теоријата за сè“
Џејсон Хол, „Американски снајпер“
Пол Томас Андерсон, „Вроден порок“ (Inherent Vice)

 

Најдобро оригинално сценарио

Ричард Линклејтер, „Момчештво“
Алехандро Гонзалес Ињариту, Николас Џиакобон, Александар Динеларис и Армандо Бо, „Брдмен“
Вес Андерсон и Хјуго Гинес, „Гранд хотел Будимпешта“
Ден Гилрој, „Ноќен прикрадувач“ (Nightcrawler)
Е. Макс Фрај и Ден Футерман, „Фокскечер“



Врати се горе ↑