Аудио john_legend

20 март, 2013

Џон Леџенд најави нов сингл и претстави нова песна

Џон Леџенд, кој како што пишува магазинот Idolator претставува веќе сериозна конкуренција на Крис Браун, Ашер и Френк Оушн, полека го подготвува неговото враќање на музичката сцена со новиот четврт по ред студиски албум насловен „Love In The Future“, чиј извршен продуцент е Канје Вест, а меѓу соработниците е и познатиот Хит Бој.

Најавувајќи го новиот сингл „Who Do We Think We Are“ во кој гостува Рик Рос, а ќе го чуеме на 25-ти  март, Леџенд деновиве претстави еден мал вовед во новиот материјал, а тоа е песната насловена „The Beginning“, која можете да ја слушнете во продолжение.

Извор: Idolator

 



Врати се горе ↑