Свет maxresdefault

11 јануари, 2017

Џон Леџенд и Аријана Гранде ќе ја преснимат „Beauty And The Beast“

После 25 години од анимираната адаптација на бајката „Убавицата и ѕверот“, компанијата „Дизни“ во март годинава ќе го претстави и истоимениот игран филм, каде што во главните улоги ќе ги видиме Ема Вотсон како Бел и Ден Стивенс како ЅверотДизниевите филмови се познати и по одличните музички теми, кои честопати биле наградувани со највисоките признанија, а токму таков е случајот и со насловната нумера од „Убавицата и ѕверот“, која во 1992 година беше наградена со 4 Греми, Златен глобус и со Оскар за најдобра оригинална песна.

Напишана од Алан Менкен (Alan Menken) и Хауард Ешмен (Howard Ashmen), во анимираниот филм песната ја изведува британската актерка Анџела Ленсбери (Angela Lansbury), a мошне попопуларна е верзијата на Селин Дион и Пибо Брајсон, која е дел од саундтрак изданието за филмот.

Сепак, со новата адаптација на популарната бајка ќе добиеме и нова верзија на оваа песна, овој пат во изведба на Џон Леџенд и Аријана Гранде. Како што пренесуваат американските медиуми, песната продуцирана од Рон Фер ќе се слушне во одјавата на филмот, а ќе биде објавена и како сингл заедно со видео запис.

„Убавицата и ѕверот“ во режија на Бил Кондон ќе пристигне во кино салите ширум светот на 17 март, а саундтрак изданието ќе биде објавено една недела порано. Покрај Ема Вотсон и Ден Стивенс, во останатите улоги ќе ги видиме/слушнеме Ема Томпсон како г-ѓа Потс, Јуан Мекрегор како Лумиер, Иан Мекелен како Когсворт и други.



Врати се горе ↑