Аудио djole 7

10 март, 2014

Џоле (Токсиколози) прави „Повеќе за хип-хоп“

Токсиколози без прекин вадат нови песни и видеа каде што цврсто ги изјавуваат своите ставови за сè што се случува околу нив, па така и во новата песна на Џоле можете да воочите зошто, како и со која цел го прави тоа што го прави членот на оваа групација. „Повеќе за хип-хоп“ има фанки грув кој го изработи Тони Зен, раперот кој се докажува како одличен рап продуцент покрај тоа што е најпознатиот МC во Македонија, а микс/мастер на песната е на Марко Наумовски. За што станува збор можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑