21 април, 2017

Џоле го добива „Тоа што ќе посака“

Од студиото на „Токсиколози“ излезе ново парче музика заедно со видео запис. Станува за збор за соло песна на Џоле од „Токсиколози“, а песната е насловена Тоа што ќе посакам“Интересно е тоа идејата е едноставна но впечатлива, а видеото е снимено во еден тејк или попознато како One-Shot. Видеото е снимено од страна на Кристијан Теодоров, а видео монтажата на Кристијан Манчевски, додека инструменталот е на Иван Костадинов-Панда, а за миксот и мастерингот се потруди Дамјан Дамески.

Од „Токсиколози“ велат дека завршија со промоција на песни и видеа од нивниот албум „Пушти глас!“ и дека се подготвуваат уште неколку новитети кои ќе ги промовираат во периодот што следи, а дотогаш погледнете го новото видео за „Тоа што ќе посакам“. Уживајте!

За повеќе информации следете ги на нивната фан страница на Фејсбук.



Врати се горе ↑