Балкан gibonni_290113_800

15 септември, 2013

Џибони: „Со моите концерти се зачнати 14 деца“

„Заради Џибони останав уште еден ден на море. Мислев дека баш неговиот концерт на кој ја однесов сопругата, ќе биде круна на уште еден убав  одмор. И не погрешивме, како ни уште илјадници двојки кои останаа во Опатија тој последен августовски ден.“ 

Татко е на три деца, но има уште 14 кои ги „присвои“ затоа што нивните вистински родители ги зачнаа по неговиот концерт и со неговата музика и има уредна евиденција за сите „свои“ деца: „Баш сум горд на тој ритуал. Ми се јавуваа луѓе кои го послушаа мојот совет после концертот да го пуштат моето ЦД, да легнат со саканата личност без пижами и да ја пуштат природата да го направи своето.“ – изјави хрватскиот музичар во интервју за српски Блиц.

На прашањето која е неговата „тајна вештина“, музичарот одговорил: „Мислам дека е тоа што не пишував хитови. Два пати во животот се обидов да го направам тоа и тие ми беа најглупавите и најлоши песни. Секогаш сум пишувал песни кои и самиот би сакал да ги слушам, па тогаш се случува магија и одреден број луѓе ги чувствува тие песни како свои. Некои други би полуделе на моето место бидејќи се случувало некои песни да го пронајдат својот пат до публиката дури после пет, шест години. За некои нешта е потребно време за да станат она вистинското, треба време за луѓето да го најдат својот пат до тие песни. Тоа е тајната вештина.“

Љубовта е главна тема во песните на Џибони: „Љубовта е неоткриена мистерија. Само замислете: на планетата живеат седум милијарди луѓе, три и пол милијарди жени и мажи и тоа лудило од три и пол милијарди љубови, а ниту една не е иста.“

„Моите песни имаат врска со мене или со моите блиски“ – одговорил музичарот на прашањето дали тој е главниот актер во неговите песни: „Ако некои песни не сум ги доживеал, тогаш сум ги проживеал со луѓето кои ми се блиски. А ова второто… понекогаш се анализирам себеси, но пред сè преку рационални постапки, каде сум погрешил, дали сум направил нешто добро, но признавам дека не се впуштам во анализа на себеси и некој свој духовен свет. Рационалноста не е баш надобар пријател на инспирацијата.“

„Во моето срце не се променило ништо. На секои три, четири години барам некој звук, некогаш нов, некогаш стар. Ќе ме заинтересира нешто што било порано, а не само ова што е денес. И кога правам музика не размислувам кој тренд е тоа, или кој жанр, стил и на која полица може да се стави. Сепак сум израснал во време кога нештата беа многу пошироки. Денеска во музиката и во животот сè е некако стеснето и многу забрзано. Во Лондон ме научија дека луѓето ја оценуваат музиката во рок од седум до десет секунди! Замислете денес на фестивалот Сигет ил Егзит да дојдат младите Квинси или Битлси. На која сцена ќе одат тие? Ако Макартни започне со „My Michelle“, ќе оди на една сцена, а ако започне со „Helter Skelter“, тогаш ќе оди на рок сцената. Сè е толку фокусирано.“ – вели Џибони, кој докажа дека може и поинаку, дека може да постои и музика надвор од трендот.

„Тоа е така бидејќи мојата публика го дозволува, но за тоа ми требаа 20 години. Треба време за луѓето да се маѓепсаат од тебе, па да за разочараат, па потоа повторно да се вратат бидејќи можеби не ме сфатиле на прво слушање и тоа е тоа. Помладите денеска никогаш не би оделе по истиот пат.“

Џибони е еден од ретките музичари кој го укинал бисот на неговите концерти: „Имав бис, но го укинав пред две години бидејќи тоа многу ме нервираше. Се симнуваме од сцената,  публиката нè враќа со аплаузи, а сите знаеме дека повторно ќе се качиме. Па ајде да свириме!“ 

Во неговите песни претежно нема политика, но секогаш може да се пронајде: „Мојата политика е гледај ја подобрата страна кај секој човек. Но, не се согласувам потполно со Џон Ленон кој ја напиша една од најдобрите песни „Imagine“. Тоа да нема религија, народи, нации и сè би било подобро. Мислам дека нема смисла на луѓето да им се одземе тоа што е нивно, туку секој да може да биде тоа што е, да верува во тоа што го сака, но со љубовта кон своето да не им се наштети на другите.“

 Извор: blic.rs



Врати се горе ↑