Балкан 247995_10150193648357330_3755769_n

8 јануари, 2013

Џибони наскоро со нов албум

Популарниот хрватски пејач Златан Стипишиќ Џибони е при крај со снимањето на новиот албум, а вчера отпатува во Лондон кадешто ќе го направи завршното миксирање на материјалот. Последниот албум на Џибони беше „Толеранца“, издаден во 2010 година, исто така завршен во Велија Британија и тоа во студиото „Real Wolrd“ на музичарот Питер Гејбриел, а тоа се покажа како добитна комбинаци бидејќи „Толеранца“ беше најпродаван албум во Хрватска за 2010 година, со над 30 000 продадени  примероци.

Инаку, Џибони не сакал да открива премногу детали за новиот албум, само им порача на неговите фанови дека е многу среќен и задоволен од новиот материјал кој, како што вели, е навистина нешто посебно.

Во продолжение погледнете го видео записот за нумерата „Žeđam“ 

Извор: telegraf.rs/фото:Фејсбук фан страница



Врати се горе ↑