19 ноември, 2016

„Џи ноутс“ со англиска верзија на „Створена“

Гевлегискaта група „Џи ноутс“ (The G Notes), во која пее некогашната учесничка во музичките натпревари „Идол“ и „М2 ѕвезда“, Теодора Гошева, деновиве ја претстави англиската верзија на својот минатогодишен сингл „Створена“. Новата, поточно оригиналната верзија на оваа песна го носи насловот „Nothing Can Go Wrong“, а како автори се потпишуваат Глигор Гошев и Ѓорги Вацев (музика и аранжман) и Томе Таушанов (текст), додека на саксофон гостува Пепи Ристов.

Снимена е во студиото „Риуајнд продакшн“, кое се погрижи и за екранизацијата, каде што главните улоги им припаднаа на Петар Стојанов и Ивана Велкова, а како звучи сето тоа можете да погледнете горе.

Инаку, „Џи ноутс“ се Глигор Гошев, Теодора Гошева, Миле Спасов, Ицко Раданлиев и Дејан Малзарков, а каде сè настапуваат низ Македонија ќе дознаете ако ја следите нивната фан страница на Фејсбук.



Врати се горе ↑