Настани prilep-jazz-2013

9 август, 2013

Џез викенд во Прилеп

Неколкумина прилепчани – вљубеници во модерната џез-музика, со желба за збогатување на музичкиот живот во Прилеп, иницираа манифестација која ја нарекоа „Прилеп џез викенд“.

Организаторите  соопштуваат дека локалната самоуправа ја поддржала нивната идеја, а „Прилеп џез викенд“ ќе се одржи последниот викенд од август, како дел од циклусот на општина Прилеп насловен „Сезонски фестивали“. Првото издание на фестивалот беше во 2012 година. Повеќе информации околу овој настан погледнете на видеото во прилог, како и на prilepjazz.mk.

Извор и фото: radiomof.mk

 



Врати се горе ↑