Македонија 734467_234456213358986_333781065_n

3 април, 2013

Џез составот Сетстат ќе издаде нов албум на 30-ти април

Ако сте џез артист, сигурно нема подобар начин да го прославите април – месецот на џез музиката (Jazz Appreciation Month – JAM) и Интернационалниот Ден на џезот – 30-ти април, од тоа да издадете одличен нов џез албум! Сетстат (Sethstat), еден од најуникатните џез бендови на Балканот, се придружува на славењето со издавањето на нивниот шести албум насловен „Petite Cinèmatique“, закажан токму за 30-ти април и ќе биде достапен за преземање од сите популарни музички продавници на интернет.

На ова издание може да се гледа како на продолжение на претходната музичка авантура на бендот, но не баш и како екстензија на истата тема – само како одделно музичко патување со себе, во себе, помеѓу себе и другите, опфаќајќи го имагинарниот, но сè уште реален свет… Замислената перцепција на звукот кој лута околу Скопје едно неделно попладне го оцртува патот на „Pubu“, „Haifa“, „Sisophon“, „Lalibela“ и „Nairobi“. Случајни наслови кои не случајно ги опишуваат стравот и љубовта, прашината и неонскиот спектакл, самотијата и совршеното општество, тоталнoто несовпаѓање и совршената хармонија….

Звукот е перцепиран различно како што секој град различно се доживува. Секој град има луѓе кои живеат во него, но и духови на прастарите дрвја. Минато, сегашност или иднина – секој и секаде остава трага, фосил од сопствената егзистенција… Тоа го има и во  „Pubu“, „Haifa“, „Sisophon“, „Lalibela“ и „Nairobi“.

Како звучи овој албум можете да преслушате на следниот линк.

Фејсбук фан страница на Sethstat Jazz



Врати се горе ↑