10 февруари, 2014

Џез сценарио продолжуваат со „Samba do Avião“

По одличната преработка на џез хитот „Lullaby of Birdland“, битолскиот состав Џез сценарио деновиве претстави уште една преработка. Овој пат момците се одлучија за темата „Samba do Avião“ од познатиот бразилски музичар Антонио Карлос Жобим, попознат како Том Жобим, кој е автор и на познатиот хит „Garota de Ipanema“. За визуализацијата се погрижи Тривија продукција, а како звучи и изгледа сето тоа можете да видите горе. Уживајте со оваа музичка прошетка од градот на конзулите до прекрасниот Рио де Жанеиро!



Врати се горе ↑