Свет jessie j

19 октомври, 2012

Џеси Џеј во студио, се подготува за втор албум

Пејачката која направи бум со песната „Price Tag” (Етикета), на својот профил на твитер објави дека веќе го подготвува вториот албум. Таа напиша дека е многу задоволна од процесот на снимање и дека е многу поразлично од она што можевме да го слушнеме од нејзиното првенче. Исто така, доста голем хит беше и песната „Nobody’s Perfect” (Никој не е совршен).

Зборувајќи за новиот албум, таа ги преупреди фановите да се подготват за една помрачна тема, затоа што „Who You Are”, нејзиниот прв албум бил изработен во период кога и’ било потребно да се разведри малку. Таа рече дека пред седум години, пред да го потпише нејзиниот договор, била во тежок период од нејзиниот живот, била исплашена и не верувала дека некогаш ќе може да се извлече. Меѓутоа, сега кога е среќна не се плаши да ја открие својата болка. Потоа додаде дека не мора секоја песна да има среќен крај.

Најавениот наслов за албумот е “Dedication to mu Soph”, а за сега се знае само дека албумот ќе биде издаден следната година. До тогаш, за сите кои ја сакаат музиката на Џеси, едно мало потсетување на нејзинот голем хит „Nobody’s Perfect”.

 



Врати се горе ↑