Свет jessie j

30 октомври, 2012

Џеси Џеј со насловна нумера на филм

На Џеси Џеј и припадна честа да ја отпее насловната нумера на филмот Silver Lining Playbook“, комедија која е во режија на Дејвид О. Расел, а улогите ги играат Бредли Купер, Џенифер Лоренсе, Роберт Де Ниро, Анупам Кер и други. Филмот беше прикажан премиерно за одбрана публика на големиот филмски фестивал во Торонто во септември, годинава. За пошироката публика ќе биде претставен на 21ри ноември, а покрај филмската музика која е дело на Дени Елфман, тука е и насловната тема за која беше задолжена Џеси Џеј, чиј наслов е “Silver Lining (Crazy ‘Bout You)“, а текстот е потшишан од познатата авторка Дајан Ворен.

 



Врати се горе ↑