Свет jessie-j-new-video

31 јули, 2017

Џеси Џеј снима ново видео

Поминаа речиси три години откако последно слушнавме нешто ново од британската ѕвезда Џеси Џеј, а сè уште си го потпевнуваме хитот „Bang Bang“, кој го сними со колешките Аријана Гранде и Ники Минаж. Судејќи по објавите на нејзиниот профил на Инстаграм, можеме да заклучиме дека пејачката наскоро ќе нè израдува со нова музика, а црно-белата фотографија објавена со зборовите „Дали сте подготвени“ веројатно е од снимањето на новото видео.

јј

Во неодамнешен разговор со „Билборд“, 29-годишната ѕвезда откри детали за новиот материјал, кој ќе биде нејзино четврто по ред студиско издание. „Со ова наредно парче музика се враќам кон моите почетоци, како на мојот прв албум, кој беше многу искрен. Од 25 до 30 години учиш многу и растеш како личност. Стануваш она што ќе бидеш долго време. Исто така, уживав во повторното пишување песни за себе“, рече таа, додавајќи дека единствениот соработник овој пат е продуцентот и диџеј Кампер.

Сè уште не е познато каков наслов ќе носи и кога ќе излезе наследникот на „Sweet Talker“ (2014), но се надеваме дека барем првиот сингл ќе го слушнеме (и видиме) наскоро.



Врати се горе ↑