Аудио jessie-j-real-deal

12 август, 2017

Џеси Џеј се враќа со „Real Deal“

Британската ѕвезда Џеси Џеј неодамна најави нов материјал, а веќе стигна и првиот сингл насловен „Real Deal“, кој е малку поразличен од претходните хитови како што се „Bang Bang“ и „Burnin’ Up“, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

Инаку, новиот сингл е најава за нејзиниот четврт по ред студиски албум, за кој сè уште не се познати многу детали, освен дека ќе биде навраќање на нејзините почетоци на музичката сцена, односно дека ќе биде во стилот на нејзиното првенче, како и дека единствен соработник е продуцентот и диџеј Кампер.



Врати се горе ↑