Свет jj

23 март, 2015

Џеси Џеј повеќе нема да пее во живо?

Џеси Џеј повеќе нема да биде во можност да пее во живо на нејзините настапи бидејќи може да има сериозни здравствени проблеми. Имено, лекарите ја предупредиле дека мора да ги намали живите настапи на турнеите и другите концерти бидејќи страда од болест на срцето позната како Волф-Паркинсон-Вајт синдром, кој предизвикува забрзана и нередовна работа на срцето, што доведува до губење на здивот и чувство на вртоглавица, дури и губење на свеста.

Како последица на тоа, познатата британска пејачка открила дека на следните настапи веројатно ќе користи плејбек. За „Мирор“ таа изјавила: „Горда сум што стигнав до каде што сум сега без плејбек, но ако мојата кариера продолжи да се развива вака, ќе морам да го променам тоа за да останам здрава. Моите песни се многу тешки“.

Пејачката, која е родум од Есекс, објаснила дека нејзината болест ја спречува „многу повеќе отколку што мислат луѓето“, а и покрај лекарските препораки да ја ублажи енергичноста на настапите, веројатно нема да може. Џеси го дала интервјуто непосредно пред турнејата во Австралија, која била одложена заради нејзина болест (неповрзана со проблемите со срцето).

 



Врати се горе ↑