Видео jj-mj

25 јуни, 2014

Џеси Џеј ја препеа „Rock With You“ од Мајкл Џексон

По повод 5-годишнината од смртта на Мајкл Џексон, британското радио БиБиСи и повеќе британски музичари се собраа да отпеат дел од најпознатите хитови на „Кралот на поп музиката“. Дел од нив беше и популарната пејачка Џеси Џеј која ја отпеа добро познатата „Rock With You“, триото Раф Копи (Rough Copy) кое се прослави со учеството на британскиот „X Factor“ ја изведе „Remember The Time“, а хитот „Dirty Diana“ го отпеа Таника. Како звучат нивните верзии на овие познати песни можете да слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑