7 март, 2014

Џеси Џеј и Робин Тик заедно во новиот видео запис на диџеј Кесиди

Диџеј Кесиди (DJ Cassidy) собра вистинска ѕвездена екипа за снимањето на видео записот за темата „Calling All Hearts“. Меѓу нив се и едни од најголемите легенди во историјата на диско музиката – Најл Роџерс, како и ’Рт, Уинд енд Фајр (Earth, Wind & Fire), а своите вокали ги позајмија Џеси Џеј и Робин Тик, што придонесува оваа песна да стане хит кој ветува огромен успех. Темата ќе се најде на деби албумот на диџеј Кесиди кој ќе го носи насловот „Paradise Royale“ закажан за мај годинава.

Видео записот за песната е еднакво интересен како и самата песна и екипата која стои позади неа. Познатиот диџеј кој пуштал музика на приватните забави на имиња како што се Барак Обама и Опра Винфри, е оставен од неговата девојка за време на црно-белиот вовед, а откако купува магичен шешир, сцената се сели на розова позадина. Како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑