11 декември, 2014

Џеси Џеј го претстави видео записот за „Masterpiece“

Британската пејачка која сè повеќе ја освојува и американската музичка сцена, Џеси Џеј во октомври го објави своето трето студиско издание „Sweet Talker“, кое го најави со сингловите „Bang Bang“ и „Burnin’ Up“. Токму соработката со Аријана Гранде и Ники Минаж неодамна доби и номинација за престижната награда Греми, а пејачката одлучи тоа да го прослави со објавување на сосема нов видео запис. Станува збор за екранизација на темата „Masterpiece“, со која ѕвездата порачува дека „сè уште не сме го виделе најдоброто од неа“, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.

 



Врати се горе ↑