Свет jj-st

22 август, 2014

Џеси Џеј го најави нејзиниот трет студиски албум „Sweet Talker“

Популарната британска пејачка Џеси Џеј вчера го најави своето трето студиско издание кое ќе го наследи минатогодишниот албум „Alive“, на кој се најдоа хитовите „Wild“, „It’s My Party“ и „Тhunder. Најавен со хитот „Bang Bang“, во кој гостуваат колешките Аријана Гранде и Ники Минаж и кој ќе биде премиерно изведен во живо на претстојните MTV VMA 2014, новиот албум на Џеси Џеј ќе го носи насловот „Sweet Talker“. Покрај Гранде и Минаж, на новото издание ќе гостуваат и колеги како што се Де Ла Соул и Линдзи Стирлинг, а како втор сингл ќе биде исфрлена темата „Burnin’ Up“ со колегата 2Чеинз.

„Sweet Talker“ е закажан за 13 октомври и ќе содржи 12, односно 15 песни за луксузното издание, а како продуценти се потпишуваат Дипло, Трики Стјуарт, Макс Мартин, Д Дрим, Амо, Илја и Саван Котеча.  Комплетниот список и насловната фотографија можете да ги погледнете во продолжение.

 1. Ain’t Been Done

2. Burnin’ Up (сo 2 Чеинз)

3. Sweet Talker

4. Bang Bang (со Аријана Гранде и Ники Минаж)

5. Fire

6. Personal

7. Masterpiece

8. Seal Me With a Kiss (со Де Ла Соул)

9. Said Too Much

10. Loud (со Линдзи Стирлинг)

11. Keep Us Together

12. Get Away

 

Дополнителни песни за луксузното издание

13. Your Loss I’m Found

14. Strip

15. You Don’t Really Know Me



Врати се горе ↑