Свет jj

3 октомври, 2014

Џеси Џеј: „Би сакала да имам деца во наредните 4 до 8 години“

Како што е познато, британската пејачка Џеси Џеј за 13 октомври го најави својот нов албум „Sweet Talker“, а веќе имавте можност да ги слушнете првите два сингла од изданието, темите „Bang Bang“ и „Burnin’ Up“. По повод своето трето студиско издание, но и некои од животните планови, пејачката поразговарала со екипата од списанието „Космополитен“: „Со Инстаграм и Твитер ја изгубивме романтиката. Сите мислат ’Ја имам оваа девојка, но можам да ја имам и оваа и можам да ја контактирам веднаш’. Мислам дека повеќе луѓе би се венчале кога барем година дена би останале без технологија“, рекла музичарката, додавајќи: „Имам 26 години и сакам да имам деца во наредните 4 до 8 години, но секако не сега. Но немам ни 16 години, јас сум жена и живеам живот на жена од 26 години.“

Џеси нагласила дека иако во својата иднина гледа деца, сега сепак се фокусира на својата музичка кариера, а за својот нов албум открила дека се трудела да биде своја и дека со новото издание публиката ќе ја запознае во целост.

 

Извор: MTV.co.uk



Врати се горе ↑